Во Сараево заедничка молитва за жртвите од војната во БиХ
Во организација на Меѓурелигискиот совет на Босна и Херцеговина денеска во Сараево ќе се одржи заедничка молитва за четири традиционални религии во оваа земја, во знак на сеќавање на сите жртви од војната во БиХ.
По заедничката молитва, Јакоб Финци, претседател на Еврејската заедница во БиХ и претседавач на Собранието на Меѓурелигискиот совет и Бони Глик, заменичка на главниот администратор на Американската организација за меѓународен развој (УСАИД) ќе потпишат нов договор помеѓу Советот и УСАИД.
Со тој договор УСАИД се обврзува да ги поддржи активностите на Меѓурелигискиот совет за набудување и одговор на поттикнување, говор на омраза и напади врз верските објекти во БиХ.
Главната цел на заедничкиот проект е да се минимизира можноста за ескалација на омраза по какви било негативни настани и да се зајакне меѓурелигискиот дијалог како основа за промовирање емпатија и спречување насилство.
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ