-->
-->
Во САД вакцинирани половина од полнолетните граѓани
-->
Половина од полнолетните граѓани во САД се вакцинирани, според податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Повеќе од 164 милиони граѓани или 49,5 проценти од вкупната популација на САД, примиле барем една доза вакцина против Ковид-19, а 131 милиони луѓе или 39,5 проценти од населението е целосно вакцинирано, според податоците на ЦДЦ.
Дистрибуирани се вкупно 287.788.872 дози на вакцини, што е околу 80 проценти од распределените дози од 359.004.955. Во споредба со понеделник, ова е зголемување за 898.000 дози, а просекот на седум дена е 1,8 милиони дози на ден. Ова е првпат во последните три недели да се распределат помалку од милион дози за еден ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
