Во САД изречена првата затворска казна за немирите во Конгресот
Во Соединетите Американски Држави изречена е првата затворска казна за учество во немирите во Конгресот на САД, на 6 јануари годинава, пренесува Анадолија.Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.
Федералниот обвинител Рандолф Мос истакна дека Хоџкинс извршил голем напад врз демократијата.
Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што го осуди на осум месеци затвор.
Изречената казна за Хоџкинс од Флорида може да претставува преседан за приближно 230 приврзаници на Трамп кои беа во притвор за немирите во Конгресот на 6 јануари и чекаат судење по истото обвинение.
Ново на Сител
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир