Во САД донесена прва пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари

Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми.
Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Таа се изјасни за виновна за учество во нелегалните демонстрации. Осудена е на три години условна казна, 120 часа општокорисна работа и парична казна од 500 долари. Обвинителството изјави дека жената не покажувала насилство и не учествувала во подготовките за немирите, поради што е донесена одлука за условна казна.
Околу 500 лица се обвинети за немирите во Вашингтон. Судијата во случајот истакна дека другите обвинети не треба да се надеваат дека ќе избегнат затворски казни.
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
