Во Русија уапсени 12 осомничени лица за врски со тероризам во Калининград
Руските власти уапсиле 12 лица во Калининград, осомничени за врски со екстремистичката група „Исламски џихад - џамаат муџахедин“, информира ТАСС.
Приведените имале централноазиско потекло и можно е да учествувале во активности на регрутирање членови за меѓународната терористичка организација, посочи Федералната служба за безбедност.
Утврден е лидерот на терористичката ќелија, кој во Узбекистан бил баран со потерница за кривични дела со екстремистички елементи.
Руската енклава Калининград се наоѓа меѓу Полска и Литванија и има важно стратегиско значење за Москва, бидејќи е база на руската Балтичка флота.
Стравувањата од регрутирање членови на екстремистичките групи меѓу граѓаните на поранешните советски републики во Централна Азија, каде населението е доминантно муслиманско, во Русија значително се засилија во текот на последниот месец, откако беше утврдено дека атентаторот, кој го изврши самоубиствениот напад во метрото во Санкт Петербург, е Киргистанец, забележаа американските медиуми.
Двајца осомничени поддржувачи на Исламска држава вчера беа уапсени на островот Сахалин, на Далечниот исток од Русија. ФСБ соопшти дека тие планирале терористички напад, но не посочи детали за настанот.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска