Во Русија почна најобемната воена вежба со 95 илјади војници
Русија денеска ја почна најобемната воена вежба годинава „Центар 2015“, во која учествуваат 95 илјади војници и повеќе од седум илјади парчиња воена опрема, 170 воени авиони и 20 бродови, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Вежбата на стратешка команда и персонал „Ценар 2015“ е завршна фаза од оперативната и борбената обука на оружените сили оваа година, како и заедничка борбена обука на оружените сили на државите членки на Организацијата за колективна безбедност и соработка“, се наведува во соопштението.
Вежбата се одржува во областа на Урал и на полиготните Тотски и Донгузу со 470 околопни возила, околу 90 тенкови, 260 пешадиски борбени возила, 130 оклопни транспортери, околу 20 артилериски системи и лансирни ракетни системи.
Во маневрите ќе биде тестирана подготвеноста на воената команда и контролните телана оружените сили на државите членки на ОДКБ да раководат со единиците на коалициските сили во локализирањето на меѓународне воружен судир, блокирање и уништување на илегални вооружни групи за време на заеднички специјални операции.
Држави членки на ОДКБ се Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан, додека Србија и Авганистан имаат статус на набљудувачи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток