Во Романија 34 лекари и 49 медицински сестри се заразени од коронавирусот
Триесет и четири лекари од регионалната болница Сучева, Северна Романија, се заразени со новиот коронавирус, соопшти Министерството за здравство на Романија.
Романското Министерство за здравство соопшти дека од вкупно 233 лекари во болницата, 34 се позитивни на коронавирусот и се сместени на клиниката за инфективни болести, а останатите се во 14 дневна домашна изолација.
Министерството за здравство, исто така, известува дека 49 медицински сестри и болничари од истата болница, исто така, се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани во градската инфективна болница.
Тимот на романското Министерство за здравство одлучи да ја претвори регионалната болница Сучева во место за лекување лица заразени со новиот коронавирус, откако ќе биде дезинфицирана.
Министерството одвои пет милиони леи ( еден милион евра) за продолжување на инвестициите и опрема за новата болница Фалтицени. Дирекцијата за јавно здравје во Сучева доби 750.000 леи (155.000 евра) за набавка на систем за молекуларни анализи.
Ново на Сител
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола