Во регионалната УЈП-Битола во системот e-pdd регистрирани над 33.000 граѓани
Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.
Регионалната дирекција на УЈП-Битола која е со надлежност и на подрачјето на општините Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар, досега регистрирала 79.720 граѓани, а со регистрации ќе продолжи и утре во терминот од 8 до 14 часот.
Од Управана за јавни приходи информираат дека во цела држава досега на системот e-pdd регистрирани се околу 620 000 граѓани и со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Република Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат, нагласуваат од УЈП.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите