Во Радовиш изгоре куќа - тешко повреден пожарникар
Целосно е изгорен вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш во пожар што избувна попладнево на улицата „Партизанска“. При гаснењето на пожарот тешко е повреден и еден пожарникар, кој има скршеници на ногата, по што е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје.
Командирот на ТППЕ- Радовиш, Ѓеро Коцев вели дека од страна на соседи е пријавен пожарот во 13 часот и 50 минути, а сопственикот на куќата не бил дома.
-Во гаснењето на пожарот учествуваме девет пожарникари со три противпожарни возила, пламените jaзици брзо се ширеа, бидејќи куќата е изградена од трска. Според увидот, кој е направен пожарот настанал најверојатно од компјутерот, а потоа се проширил на завесата и на останатат покуќнина, вели Коцев.
Додаде дека при интервенцијата, пожарникарите успеале да ја спасат и соседната куќа, чија кровна конструкција била на само неколку метри од опожарената куќа.
Ново на Сител
-
„Диџеј Aхмет“ од денеска во македонските киносали!
-
Гњатов: Завршена е транзицијата на украинските вооружени сили во структура на корпус
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-
Девет лица загинаа во Одеса откако обилните дождови предизвикаа поплави
-
23-годишен Тетовец со „бмв“ на германски таблички возел 221 на место каде дозволено е 100
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија