Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.
Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.
На плоштадот „Гоце Делчев", пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.
- Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир, рече отец Темелко.
Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Ново на Сител
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон