Во првиот квартал 7.871 слободно работно место

Во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места во земјава изнесува 1,60 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во овој период изнесува 7.871.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 отсто има секторот Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување каде што изнесува 0,02 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,13 проценти.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,4 отсто.
Најголем број слободни работни места, односно 2.357, има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
