Во притвор 24-годишен кумановец дилер на дрога
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за 24-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
- Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции. При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово, биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш, 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо, информираат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица