Во Приштина одложен за денеска најавениот протест на опозицијата

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави на прес-конференција на која учествуваа и лидерите на Самоопределување и Иницијатива за Косово, дека протестот што опозицијата го најави за денеска е одложен, пренесува РТК2.
Приштинските медиуми шпекулираат дека таквата одлука дошла по најавите дека пратеничката Доника Кадај Бујупи би можела од Алијансата да премине во редовите на Самоопределување.
Харадинај не ја потврди на присутните претставници на медиумите информацијата дали Бујупи ја напуштила неговата партија, но изјави оти протестот е одложен, пренесе Танјуг.
- Најавениот протест го одложуваме за некој друг датум. Причината е што Косово е во тешка ситуација, а уште повеќе таа ситуација ја отежнуваат два штетни договори за Косово, додаде Харадинај.
Лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Љимај додаде дека опозицијата заеднички донела одлука за одложување на протестот.
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
