Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
Прво тепан па потоа избоден со нож, ова е последниот регистриран случај на насилство меѓу малолетници. Според полицијата, настанот се одиграл вчера среде бел ден во населбата Шуто Оризари. Жртва е 12 годишник кој бил нападнат од четворица малоелтници, а еден од нив употребил нож.
На 03.07.2026 во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје e пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според пријавеното, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари.
Снимките од брутално врсничко насилство кои изминативе денови ја згоризја јавноста, повторно го вклучија алармот во општеството.
-Кои се причините за девијатното однесување кај младите? Според експертите, појавата не е нова, но интернетот ја прави повидлива и посурова за жртвите. Психологот Фики Гаспар, нагласува дека причините за насилство меѓу младите се сложени, но коренот, скоро секогаш е во најблискиот круг на детето.
„Многу често, истражувањата покажуваат за жал дека тој вид на однесување е пренесено или научено, па така, статистички, повеќето лица, насилно однесување имали во блискиот круг, најчесто во семејството. Постојат и многу други фактори кои треба да ги земеме предвид, а не треба да ги занемариме“, вели Гаспар.
По неполни 24 часа од видеото на кое се гледаше како малоленичка е тепана од нејзина врсничка во Аеродром, вчера полицискиот билтен регистираше два нови случаи во кои главни актери се малолетници. Момче и девојче биле физички нападнати од малолетници кои ги познавале.
Во меѓувреме, полицијата објави дека го расчистила случајот од завчера кога 74 годишник нападнал 10 годишно девојче. Лицето било повикано на распит и поднесена му е криивчна пријава за насилство врз дете.
Од друга страна, за надминување на проблемот, експертите појаснуваат дека во скопските училишта веќе се спроведуваат превентивни проекти, но за експертите, клучно останува семејството.
Во меѓувреме, Министерката за образование најави дека во тек се законски измени со кои парично ќе се казнуваат родителите на деца кои извршиле насилство во училиште или ако родители одбиваат дасоработуваат со стручните служби за да се поправи девијатнно однесување кај нивното дете. Глобата се предвидува да изнесува 250 евра.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
