Во Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош

Бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп се зголемува. Според податоците од прилепскиот Центар за социјални работи, за 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата.
Според Центарот, во прашање е зголеменото пријавување на насилството. Но, според психологот Ана Алексоска која работи со жртви на семејно насилство, не е во прашање зголеменото пријавување. Жртвите повеќе се советуваат отколку што го напуштаат насилниот дом. Им треба меѓуинституционална поддршка.
-Според мене, ретко се пријавува семејното насилство. Почесто доаѓаат на психолошко советување за да се охрабрат и да најдат начини како да живеат во таа заедница. Многу е тешко да пријават и да излезат од таа заедница. Потребна е институционална помош за жената да излезе од тој „круг“ и да живеее живот без насилство, вели Алексоска.
Невладината организација „Станица П.Е.Т.“ спроведува проект во кој се опфатени правна, психолошка, а од овој октомври и економска помош за жените-жртви на семејно насилство.
-Од овој месец почнуваме и програма за економско јакнење на жените, односно, онаму каде е потребно дооформување на образованието, поврзување со работодавци. Ако на една жена не и обезбедиме целокупна поддршка, психолошка, советување но и да се интегрира и на пазарот на трудот, не можеме да очекуваме таа сама да се избори и да излезе од кругот на насилството.За да може една жена да се охрабри, пред се, треба да има доверба во системот и тој да нуди интегрирана и сеопфатна поддршка. Многу е битно да се знае што потоа ќе прави таа жена, каде ќе оди откако би излегла од домот каде живее со насилен партнер. Затоа е клучна сеопфатната поддршка, објаснува Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“.
Од прилепскиот Центар за социјални работи ги охрабруваат жртвите на семејно и родово базирано насилство да пријавуваат. Уверуваат дека ќе ја добијат помошта.
МИА
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
