-->
-->
Во Прилеп прослава на празникот Свети Никола
-->

Со повеќе активности денеска во Прилеп се прославува празникот Свети Никола, светецот заштитник на градот.
Јубилејната десетта прослава почна изутрината со света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“, а во центарот на градот пред параклисот се осветуваше славскиот колач.
На булеварот „Гоце Дечлев“ за сите прилепчани и за гостите беше поставена традиционална посна трпеза. Годинашен домаќин на прославата е Прилепскиот тутунски комбинат кој на гостите им понуди трпеза со 70.000 посни сарми, по 350 килограми грав и риба и по 1.000 литри вино, ракија и други пијалаци.
- Чест ни е што сме домаќини и на сите им посакувам среќа, здравје и бериќет. Оваа година и за Прилепскиот тутунски кобинат беше успешна. Ја зацрвсти соработката со компанијата „Филип Морис“ и конечно оваа година, очекуваме со завршната сметка да се пофалиме дека повеќе нема да бидеме загубар, вели генералниот директор на тутунскиот комбинат Александар Дерменџиев.
Прилепчани се денеска радосни, упатуваат благослови и, велат, многу им значи прославата. Владиката Петар преку МПЦ упати и порака да се зближуваат луѓето.
- Пораката наша, пред се, е љубовта да завладее меѓу луѓето, и љубовта кон бога, верата да ја запазиме како што ја запазил и Свети Николај и добри дела да правиме, како што правел тој, порача владиката Петар.
Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Прилеп не случајно го избра Свети Никола за заштитник зашто повеќе од половината прилепчани го празнуваат како куќна слава. - Откако Прилеп стави заштитник пред 10 години, оваа е јубилејна 10-та година, градот тргна напред, во секој поглед, вели Ристески.
Прилеп веќе го избра и новиот домаќин- грчката конфекција „Васидора“. - По 15 години постоење и придонесување во Прилеп, ова претставува голема чест да бидеме домаќини, за мене, мојата фамилија и мојата фирма, рече Јорго Василопулос, сопственик на „Васидора“.
Како дел од прославата на празникот Свети Никола синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беа отворени изложби на икони и на ексклузивни експонати од Музејот за тутун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
