Во Прилеп почнува Пиво фест 2015

Во Прилеп денеска започнува Фестивалот на пивото - Пиво фест 2015.
Организаторите информираат дека се е подготвено за стартот на манифестацијата, која што годинава очекуваат да ја посетат над 350 илјади гости од земјава и странство.
- Прилеп веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори. Прилепчани со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл. Се прават последните координативни состаноци за се да помине како што треба. Прилеп и оваа година ќе докаже дека е подготвен за организирање настани од европски калибар, велат организаторите.
На 20.000 метри квадратни се поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради подобра услуга продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот, а за гостите кои ќе дојдат со возила на располагање се преку 20.000 паркинг места.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
