Во Прилеп почна распределбата на „зелената нафта“, земјоделците се справуваат со сушата
Од денеска за 2 000 земјоделци во Прилепско почна распределбата на картичките за „зелена нафта“.
Раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, Зоран Пачешкоски, информира дека производителите може секој работен ден да дојдат и да си ги подигнат картичките.
-Од денеска околу 2 000 земјоделци од општините Прилеп и Долнени може да си ги подигнат картичките за „зелена нафта“ од подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Оваа година, на земјоделците им се покриваат 50 насто од трошоците за нафта, рече Пачешкоски.
Земјоделците се надеваат дека „зелената нафта“ и субвенциите, како и очекувањата на повисоки цени, можеби колку-толку ќе ја спасат годинава. Сушата, велат, го зема данокот, најмногу кај житните култури и сончогледот чиј род ќе биде преполовен.

-Обработувам околу 100 хектари, поголемиот дел со пченица сончоглед и пченка. Оваа година сушата доста влиаје на производството. Голема благодарност до министерството за земјоделство што во овие тешки моменти ни помагаат со „зелената нафта“. Производството е намалено на дел од културите и до 50 насто. Најмногу на сончогледот. Ќе видиме каква ќе биде цената, но ќе има загуба. Нешто ќе покриеме со субвенциите, барем да дојдеме на нула. А иесенските работи ќе доцнат, вели земјоделецот Драшко Кузманоски.
-Сушата го направи своето. Сега очекуваме, најавено е нешто од фабриката „Благој Ѓорев“ да има повисока цена на сончогледот, па се надеваме нешто да покриеме, изјави Беџет Исламоски земјоделец од Долненско.
Ново на Сител
-

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
-

Мицкоски: Не се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК, се ќе истражиме
-

Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери
-

Нагелсман: Целокупната ситуација во Ливерпул не му ја олеснува работата на Вирц
-

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир
-

Кај 22-годишник во „БМВ“ пронајдени три лица мигранти од Кина
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, лишени од слобода две лица
-

Без вода делови од Чаир, Бутел и Студеничани
