Во Прилеп почна имунизацијата против сезонскиот грип
Вакцинацијата против сезонски грип почна денеска во Прилеп. Годинава, Центарот за јавно здравје-Прилеп набави 2.100 вакцини против грип од холандско производство.
Ова го истакна епидемиологот д-р Татијана Мургоска Станимировиќ на прес-конференција во прилепскиот Центар за јавно здравје.
- Има интерес и кај помладите и секако кај хронично болните кои редовно сезонски се вакцинираат. Препораката од Светската здравствена организација е хронично болните да бидат опфатени со вакцинацијата дури со 75 проценти, рече Станимировиќ.
Според неа, досега во Прилеп нема регистрирано заболени од грип, а доколку има потреба, Центарот за јавно здравје ќе обезбеди дополнителни количества вакцини.
Станимировиќ додаде дека СЗО поттикнува што повеќе луѓе да се вакцинират против сезонскиот грип за да се спречат епидемии, а предност имаат луѓето со хронични, белодробни и кардиовасулари заболувања.
Ново на Сител
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 2 153 повици, три пожари на отворено
-
Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт
-
Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј
-
Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување
-
Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети
-
Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
-
Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи