Во Прилеп изложба со дела на Александар Јанкулоски - Цане
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Александар Јанкулоски - Цане. На изложбата ќе бидат изложени 26 дела.
Александар Јанкулоски-Цане е роден во Прилеп 1936 година. Диоломирал на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ.
Во 1961 година Јанкулоски ја имал првата самостојна изложба во Скопје. Се издвојува по тоа што изработува слики со несликарски материјали - пепел, песок, струготини, горени дрва, бронза.
Имал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство – Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Белгија, Франција, Италија,Турција... Учесник е и основоположник на неколку колонии и нивни уметнички раководител, како во земјата така и во странство.
Александар Јанкулоски Цане за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои Нерешки мајстори, Лазар Личеновски, на Светско биенале на цртежи.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот