Во Прилеп чествување за Свети Климент Охридски

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто и на Могилата на непобедените, делегација на советот на општина Прилеп предводена од претседателот на Совет Миле Талески и делегација од наставници и ученици од основното училиште „Климент Охридски“ започна чествувањето на празникот „Свети Климент Охридски“ како и 55-годишниот јубилеј на училиштето кое го носи неговото име.
Претседателот на прилепскиот совет Талески честитајќи го празникот, рече дека празникот треба да ни биде мотив за да го развиваме образованието во Прилеп и во Република Македонија.
- Името на Свети Климент Охридски треба да ни биде патоказ за тоа како да го развиваме образованието во Прилеп и во Македонија, да ги следиме трендовите на високото образование, рече Талески.
Професорот по историја Каролина Јовеска говореше за значењето на сесловенскиот епископ Климент Охридски.
- Големо е значењето на Свети Климент Охидски: Знаеме дека бил прв словенски епископ на територијата на Македонија, покрај тоа што бил свештеник, бил и учител. Го основал првиот словенски универзитет, ги подучувал своите ученици да ги пишуваат буквите, го објаснувал нивното значење и сметаме дека како просветни работници ќе го продолжиме неговото дело, рече Јовеска.
По повод чествувањето на празникот, вечерва од 18.30 часот во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи свечена академија.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
