Во престрелка во Египет убиени 11 бунтовници
Египетските сили за безбедност убија 11 осомничени милитанти во престрелка за време на претрес на нивно засолниште во Ал Ариш, главен град на провинцијата Северен Синај, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Не е откриен идентитетот на убиените, ниту е прецизирано дали имало жртви меѓу припадниците на безбедносните сили. Милитантите го користеле засолништето како база за извршување „непријателски операции“ и на самото место е пронајдено оружје и експлозив, се наведува во соопштението.
Египет од 2013 година се бори на Синај со бунтовниците предводени од Исламска држава, откако војската го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Оттогаш милитантите главно вршат напади врз безбедносните сили и припадници на христијанското малцинство.
Ново на Сител
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него
-
Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
-
Промена на времето од четврток – дожд, грмежи и пад на температурите