Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери.
-Во пресрет на масовната летна сезона има над 2.000 слободни места. Главно се работи за персонал во кујна. Целото јужно крајбрежје бара работници. Се нудат високи плати, вели Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилници.
Додава дека најголем предизвик, оваа сезона, за тур-операторите е обезбедувањето квалитетна услуга, која е под притисок од недостиг на работници.
-Овој недостиг, особено на квалификувани човечки ресурси, се претвора во директен трошок за сите воопшто и за туризмот особено. Ја повикавме и владата на состаноците што ги имавме да им понудиме што можеме да им понудиме на иселениците за да можат да се вратат и да работат во Албанија, посочува Дервиши.
Според него по речиси 5-годишен „бесплоден експеримент“ за ангажирање работна сила од странство, сега сите погледи се насочени кон стручните училишта во земјава, кои треба да бидат изворот на работната сила што е потребна.
Туристичкиот сектор во земјата, директно и индиректно, вработува над 200 илјади луѓе секоја година. Оваа бројка лани достигна над 260 илјади, додека прогнозите се дека во текот на оваа година бројката ќе биде над 300 илјади.
Минатата година Албанија забележа рекордна бројка на туристи. Ја посетиле над 11,7 милиони туристи што е за 15,2 отсто повеќе од 2023 година.
Ново на Сител
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините