Македонија
28. August 2019 - 19:25

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Битола – село Драгош

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – село Драгош денеска од 17:25 часот е во прекин во двата правца поради сообраќајна несреќа, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Од 18:00 часот сообраќајот на патниот правец Скудрински Мост – Дебар се одвива по една лента наизменично.

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин денеска од 17:30 часот поради сообраќајна несреќа.