Македонија
9. March 2024 - 18:52

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп - Витолишта, од село Штавица кон село Бунче

Поради одрон на камења во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп - Витолишта, на потегот од селото Штавица кон селото Бунче.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е во прекин од 17:10 часот.