Во пожарот во сиропиталиште загинаа 39 девојчиња

Бројот на настраданите девојчиња во пожарот во државното сиропиталиште за деца во Гватемала, денеска се искачи на 39, а уште неколку девојчиња се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Претставниците на болницата Рузвелт соопштија дека вчера уште две девојчиња им подлегнале на повредите.
Сите девојчиња кои починаа во пожарот се на возраст меѓу 14 и 17 години.
Пожарот изби во средата, откако девојчињата, кои биле заклучени поради обид за бегство, ги запалиле душеците со цел да привлечат внимание.
Илјадници лица протестираа синоќа против Владата на улиците на Гватемала, при тоа читајќи ги имињата и возраста на настраданите девојчиња.
Со засолништето за деца управуваат државни социјални служби и во него се сместени млади на возраст до 18 години, кои биле жртви на злоставување во семејствата или живееле на улица, а во засолништето се сместуваат по налог на суд.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
