-->
-->
Во пожарот во Карпош 4 изгоре музичко студио
-->

Вчера во 18.45 часот во ЕИК било пријавено дека во Скопје на ул. „Никола Парапунов“, од засега непознати причини избувнал пожар во објект, сопственост на В.Р. (54) од Скопје.
Во просториите, кои претходно се користеле како музичко студио, целосно се изгорени три сета удирачки инструменти, четири појачувачи, четири гитари, неколку микрофони и друга музичка опрема.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.
Увид ќе се врши на 22.12.2016 година, по што ќе се утврдат причините за настанување на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
