Во пожар во куќа во Кичево починал нејзиниот сопственик, опожарени возила во скопски Аеродром
Пожар зафатил ноќеска куќа во Кичево во која бил пронајден починат нејзиниот 79-годишен сопственик. Во скопската општина Аеродром, пак, било опожарено патничко возило, а пламените зафатиле уште две возила.
Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен соопшти дека во 4.45 часот денеска во ОВР Кичево било пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар.
-При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, информира МВР.
Во 4.35 часот во СВР Скопје А.С.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром било опожарено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.
-Од пожарот биле зафатени и уште две возила со скопски регистарски ознаки - „форд“ сопственост на Г.М.(42) и „ауди“ сопственост на Т.К.(49), двајцата од Скопје, наведено е во полицискиот билтен.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?