Во повеќе европски земји регистрирани рекордни бројки на новозаразени луѓе
Во повеќе европски држави регистрирани се рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19, додека во Франција и во Шпанија бројот на инфицирани се искачи над еден милион.
Институт Роберт Кох денеса соопшти дека во изминатите 24 часа во Германија регистрирани се 11.287 новозаболени лица и 30 смртни случаи.
Рекорден број на новозаразени се регистрирани и во Полска и во Чешка.
Во Полска во изминатото деноноќие регистрирани се 12.107 новозаболени лица и 168 смртни случаи.
Додека во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус.Во истиот период 69 луѓе починале од последици од Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа. Досега се потврдени 208.915 инфицирани лица и 1.793 смртни случаи.
Бројот на заразени луѓе во Ковид-19 во светот се искаи на 41 милион.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја