Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2021 - 18:36

Во последниот настап за Пандев во дресот на Македонија против Холандија сите посакуваат победа

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработува последниуот тренинг пред утрешниот меч против Холандија во Амстредам последен за црвено-жолтите на своето деби на ЕП

Дуелот против фаворизираната Холандија и тоа пред нејзината публика, е само мотив повеќе за македонските фудбалери уште еднаш да потврдат дека нѐ случајно се  дел од најдобрите селекциии на континеталниот собир. 

Сите се едногласни, нема што да се загуби, па во мечот со „лалињата“  нашите фудбалери ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат, зошто да нѐ дури и победа.   ТОНСКИ – мрме 

Тоа ќе биде и најдобриот можен начин на кој соиграчите би му се заблагодариле на капетенот Горан пандев кој најави дека утрешниот меч против Холандија за него ќе биде последен во репрезентатовниот дрес на Македонија   

„Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Не знам како ќе биде во Италија, но играње на два фронта, и во Италија и во репрезентативниот дрес е преголем товар и затоа дуелот со Холандија е дефинитивен крај. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на репрезентативниот фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум знаејќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“ – истакна емотивно Пандев, притоа дополнувајќи  „Среќен сум што се збогувам на еден ваков начин, на едно големо натпреварување. Среќен сум што се повлекувам на ваков начин. Може да кажам дека подобро збогување од дресот на еден дуел против Македонија, на Европско првенство не можев и да посакам. Има емоции но знам како да се носам со нив. Среќен сум што Македонија играше на едно големо натпреварување и дај боже утре сето тоа да го заокружам со еден позитивен резултат“.

Македонија својот последнен натпревар на Европското првенство ќе го одигра утре од 18 часот, на арената „Јохан Кроојф“ во Амстердам, на која и покрај рестриктивните мерки за присуство на мекедонските граѓани во Холандија, поради Ковид пандемијата,  нашите играчи сепак ќе имаат поддршка и тоа од македонската дијаспора во Европа.