-->
-->
Во поплавите во Виетнам загинаа најмалку 25 луѓе
-->
Најмалку 25 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Виентам за време на викендот.
Според Службата за предупредување од природни катастрофи четири лица се водат како исчезнати. На снимките од воздух се гледа како цели станбени реони се под вода, а 240.000 куќи се разурнати.
- Водата надојде многу брзо и го однесе оризот, животните, се што имавме, изјави еден жител од најпогодената провинција Куанг Бин.
Според виетнамските државни медиуми за големите штети од поплавите удел има и хидроелектричната централа во провинцијата Ха Тин, која ослободила големо количество вода без предупредување. За случајот е покрената истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи