-->
-->
Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица
-->

Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите.
Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи вонредна состојба во провинцијата Сонгкла. Поплавите го погодија и најголемиот град во јужен Тајланд, Хат Јаи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лица
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
-

Акциска контрола во Кичево, музичари од БиХ настапувале во угостителски објект без соодветна дозвола
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
