-->
-->
Во поплавите во Индија за три дена загинаа 40 лица
-->
– Во изминатите три дена во северна Индија, најмалку 40 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, соопштија властите.
Стотици села и патишта се поплавени, а на некои места водата урна мостови.
Метеоролозите прогнозираат дека поројните врнежи ќе продолжат да врнат и во следните два дена.
Во денешното владино соопштение се наведува дека најмалку 36 лица загинале во одрони и поплави во сојузната држава Химачал Прадеш во последните три дена.
Стотици се во засолништа бидејќи нивните домови се погодени од поплави.
Во соседната држава Утаракханд четири лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати.
Поплавите и одроните се вообичаени во регионот за време на сезонските монсунски дождови кои траат од јуни до септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
