-->
-->
Во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка досега загинале најмалку 122 лица
-->
По три дена поплави и свлечишта во Шри Ланка бројот на загинати се зголеми на 122, а уште 97 се водат како исчезнати. Природната катастрофа над 400.000 лица натера да ги напуштат своите домови, соопшти локалниот Центар за управување со несреќни ситуации, цитиран од ДПА.
Над 2.000 лица, помогнати од екипи од соседна Индија, учествуваат во операциите на трагање по преживеани. Над 1.700 станбени згради се целосно или делумно разурнати, парлалелно со електроводови, водни станици, патишта и ниви.
Силните дождови во петокот ги предизвикаа најголемите поплави и свлечишта во јужниот и западниот дел на островот во последните 14 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината