Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица
Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица на 85 и 86 годишна возраст, откако биле заглавени и не успеале да ги напуштат поплавените домови.
Противпожарната служба на Грција примила над 150 повици за помош, а на островот итно заминува заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.
Градоначалникот на општината погодена од поплавите за грчката новинска агенција АНА-МПА ја потврдува информацијата за двајцата загинати, објаснува дека спасувачките служби трагаат по уште едно лице и изразува надеж дека нема да има и трета жртва.
Од Противпожарата служба на Грција соопштуваат дека интервеираат 72 пожарникари, пешадиски тим со специјална опрема, 26 возила, три чамци за спасување, а мобилизирани се и спасувачи со еден хеликоптер.
Според грчките медиуми, обилниот дожд предизвикал поплави, улиците биле претворени во реки, а голем број граѓани биле заглавени во нивните автомобли, но и во поплавените домови.
Ново на Сител
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина