Во понеделник без струја дел од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба
Без струја во понеделник (8 ноември) ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците ул. „Баница“ бр. 29а во Општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Ѓорче Петров“ непарни броеви од бр. 85 до бр. 99 во Oпштина Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од ул. „Благоја Давков“ бр. 25. во Oпштина Центар, од 09:30 до 13:00 часот корисниците од делови од улиците: „Трнодол“, „Кнез Хацон“, „Јан Хус“ и „Кнез Трпимир“ во Општина Карпош, од 10:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Востаничка“ броеви: 76, 78, 80, 82, 84 и дел од ул.„Рилски Гонгрес“ бр.59 и 61 во Општина Кисела Вода и од 11:00 до 14:30 часот корисниците од ул. „Зеничка“ во населба Железара во Општина Гази Баба.
РЦУК на Град Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека во понеделник поради санирање на уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, на улица „Брсјачка Буна“ крстосница со ул. „Овчеполска“ од 08:30 часот се до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат улиците „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“ и „Тиквешка“ во Општина Шуто Оризари.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка