Во Полошко во една ноќ откриени 11 алкохолизирани возачи

Во акција на полицијата ноќта меѓу сабота и недела на поширокото полошко подрачје откриени се 11 алкохолизирани возачи, информираат од СВР Тетово.
Со контролната акцијата за возење под дејство на алкохол вкупно биле опфатени 107 возачи во Тетовско 60 и Гостиварско 47. Од нив на тест за алкохол биле подложени 67 во Тетовско 50 и Гостиварско 17.
- Од вкупно алкотестираните, кај 11, четворица во Тетовско и седум во Гостиварско, откриено е присуство на алкохол, поради што сите се исклучени од сообраќај. На деветмина (ТЕ-2 и ГВ-7) времено им се одземени возачките дозволи. Покрај тоа, изготвени им се 11 мандатни платни налози и едно барање за поведување прекршочна постапка, наведува Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Лицата кои се соочуваат со прекршоците ги очекуваат глоби од 250 до 500 евра во денарска противвредност.
Во акцијата, исто така, биле констатирани и 19 други прекршоци, кои се заокружени со соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
