Во Поградец состанок на Прегуграничната платформа за заштита на регионот на Охридското Езеро
Во албанскиот град Поградец утре ќе се одржи состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро, во рамки на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу езерото.
Целта на прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво меѓу Македонија и Албанија на различни нивоа т.е помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина.
Утрешниот состанок има задача да ги идентификува сите можности за мониторинг врз животната средина и биодиверзитетот со што би се придонело во заштитата и управувањето на Светското наследство на Охридскиот регион. Исто така , идентификација на постојни иницијативи за промовирање на одржлив развој на регионот се тема на работниот состанок. На состанокот ќе бидат презентирани и стратегии за развој на туризам меѓу кои и работата на стратегијата за развој на туризмот на Општина Охрид.
Визијата за развој на Охридскиот регион е врзана со уникатните вредности на регионот и нивно искористување во контекст на одржливиот развој, промоцијата и привлекување на туристичкиот интерес. Уникатните вредности на природни реткости и пејсажи, заштитените подрачја во регионот и богатото културно наследство преставуваат слика и препознатливост на регионот која треба да биде насока на управување и на централно и на локално ниво.
Ново на Сител
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-
Интервјуирани кандидатите за судија во Стразбур
-
Политико: Влез во ЕУ но без можност за вето на новите земји членки
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид