Македонија
27. March 2017 - 12:18

Во Пиреја пронајден мртов сириски мигрант

Во грчкото пристаниште Пиреја денеска е пронајдено тело на еден 25-годишен Сириец.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Сириецот бил обесен на киоск во близина на терминал за патнички ферибот.

Пристанишните власти ја запечатиле областа и во тек е истрага за инцидентот.

Засега нема други детали за мигрантот, како се нашол во Пиреја, ниту пак дали се работи за самоубиство.