Во петок е Митровден- народни верувања за празникот
Православната црква следната недела го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември.
Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.
Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
За овој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.
За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес