Во Пеќ уапсено лице кое повикувало на терористички напади за велигденските празници

Косовската полиција уапсила жител на Пеќ, кој повикувал на тероритички напади во Косово, во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.
Според косовските медими, уапсеното лице е Ракип Абдули по потекло од Опоја кај Драгаш, а живеел во Пеќ, кој последните денови јавно, преку социјалните мрежи повикувал на напади за време на велигденските празници.
Абдули и претходно бил набљудуван од полицијата.
Косовската полиција пред два дена воведе посебни мерки за безбедност токму поради опасноста од евентуални терористички напади, а околу црквите и манастирите има 24 часовно полициско присуство.
Работното време на косовските полицајци е продолжено до 12 часови дневно.
Премиерот Иса Мустафа завчера го свикал Националниот совет за безбедност на Косово поради „опасноста од евентуални терористички напади“, како и поради „полтичката криза во Косово, Албанија и Македонија“.
И американската Амбасада ги предупреди своите граѓани во Косово да бидат внимателни поради евентуални терористички напади за време на велигденските празници.
Амбасадата на САД во Албанија, исто така, апелираше до своите граѓани во ова земја да бидат внимателни порад истите причини, а полицијата ги зајакна безбедносните мерки.
Ново на Сител
-

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
-

Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија
-

Шефот на СЗО апелира до Трамп: „Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи“
-

Санкционирани 134 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови
-

Мечка нападнала маж додека собирал печурки во прилепско, со тешки повреди пренесен во Скопје
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
