Во Пекинг затворени 40 станици на метрото и 158 автобуски линии поради коронавирусот
– Пекинг затвори 40 станици на метрото или десет отсто од градската подземна сообраќајна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај каде што милиони жители се во „локдаун“ повеќе од еден месец.
Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се релации што водат кон реонот Чаојанг, инаку жариштето на Ковид-19 во Пекинг. Со неколку десетици нови случаи дневно Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, на начин како што на почетокот се обидуваа и градските власти во Шангај.
Во главниот град од 22 милиони жители се затворени училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потрепштини за случај на целосно затворање.
Второто од трите планирани масовни тестирања се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг.
Во Шангај засега не се надѕира крајот на „локдаунот“.
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
