-->
-->
Во Пехчево ќе се подобрува квалитетот на вода со изградба таложник за вода
-->
Во Пехчево денеска започнаа градежните работи за изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата која треба да го подобри квалитетот на водата за пиење во градот Пехчево и околните наслеби Негрево, Чифлик, Умлена и Робово.
Градоначалникот Игор Поповски информира дека оваа интервенција била неопходна, бидејќи по секои врнежи од дожд, водата во градскиот водовод била заматена.
- Бидејќи технолошкиот процес на изградената филтер-станица не може да ги задоволи стандардните услови за филтрирање на водата за време на дожд, затоа потребно е да се изгради таложник за доведената вода од двата цевководи, со што ќе се зголеми времето за технолошки третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија која ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери, рече Поповски.
Проектот е во вредност од 1.862.383,00 денари, од кои 1.000.000,00 денари се од Министерството за животна средина, а 862.383,00 се обезбедени од буџетот на општина Пехчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед