Во Париз и покрај терористичките закани Новата 2016 година дочекана под Триумфалната капија
Жителите на Париз и туристите ја дочекаа заедно Nовата година на Елисејските полиња под Триумфалната капија, јавува дописникот на МИА од главниот град на Франција.
Прославата која беше одржана и покрај терористичките закани, беше малку олесната и пократка од предвиденото, без традиционалниот огномет. Видео спектаклот траеше само десетина минути, а сообраќајот на најубавата авенија во светот беше отворен многу порано од предвиденото.
Во 23 часот и 50 минути Триумфалната капија се обои во „тробојката“ – трите бои на француското знаме со звуците на Марсејезата и аплаузите на публиката, во која најбројни беа странските туристи и тие дојдени од провинциските градови на Франција.
Потоа Триумфалната капија послужи како екран за видео спектаклот во кој беа асоцирани насмевнати анонимни лица и на познатите париски споменици, завршувајќи со виртуелен огномет.
Ако за дочекот на 2015 година на Елисејските полиња (Шанзелизе) на 31 декември 2014 се собраа над 600 000 лица, синоќа очигледно нивниот број беше помал. И само пет минути по полноќ во новата 2016 година, откако заврши видео проекцијата, толпата народ започна да се разотидува.
За безбедноста на новогодоишната ноќ низ цела Франција се грижеа над 100.000 припадници на силите на редот и армијата, 39.500 пожарникари и 36 мобилни единици за интервенција.
Само во Париз и неговата околина беа мобилизирани 11.000 припадници на безбедносните сили. Поздравувајќи ги во текот на ноќта, министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев нагласи: „Тоа е исклучителна мобилизација. Ние се наоѓаме на ниво на крајно висока терористичка закана во Европа и Франција“. Тој притоа ги спомена крајно заканувачките пораки на Исламската држава.
До пладне не се пренесени информации за инциденти во текот на новогодишната ноќ во Париз и во другите француски градови, освен во Вилне сан Жорж во парискиот регион, каде четрири полицајци се повредени откако нивниот автомобил се првртел во обид да престигне и запре едно сомнително возило.
Ново на Сител
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес
-
Трамп, пред средбата со Зеленски, телефонски ќе разговара со Путин
-
18 години без Тоше во Крушево: Ултрамаратонците му оддадоа почит на на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози
-
Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија