Во Париз демонстрации за женски права
Неколку илјади луѓе се собраа денеска на демонстрации за женски права во Париз, на повик од организации и синдикати кои се борат против родова нееднаквост.
Жените кои учествуваа на протестите истакнаа дека се собрале затоа што „постојат закани за женските права во Франција и ширум светот“.
– Феминизмот никогаш никого не убил, мачизмот убива секој ден, порачаа демонстрантките со еден од транспарентите, пренесува дневниот лист Фигаро.
На друг транспарент што го носеа учесничките на протестот, беа испишани имињата на жртвите на фемицид од 2017 година.
Заедно со жените на протестите во Париз присуствуваа голем број млади луѓе и семејства, а меѓу главните барања на демонстрантите беше намалување на јазот во платите меѓу жените и мажите.
Според податоците на Националниот институт за статистика и економски студии, во 2023 година за исто работно време просечната плата на жените била за 14,2 проценти пониска од платата на мажите.
– Се мачиме и исклучително бавно напредуваме. Тоа станува неподносливо, изјави лидерката на синдикатот ЦФДТ, Мерилиз Леон.
Неколку помлади демонстрантки носеа транспаренти на кои пишуваше „Екстремната десница е непријател на жените“ и „Абортусот е основно право“.
Ново на Сител
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката