Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа
Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА.
Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад.
Запленетиот кокаин се проценува на околу 220 милиони евра (240 милиони долари), се вели во соопштението.
Европа, заедно со САД, е најголемиот пазар за кокаин кој потекнува од јужноамериканските земји Колумбија, Перу и Боливија.
Патот до Европа преку Парагвај, Аргентина или Бразил се зголемува по значење, според неодамнешната проценка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.
На европските пристаништа минатата година беа запленети над 300 тони кокаин, со рекордни 121 тон конфискувани само во Антверпен, што укажува на зголемување од 10 отсто во однос на претходната година.
Ново на Сител
-
Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште во недела
-
Зеленски се надева дека динамиката на мирот на Блискиот Исток ќе помогне за завршување на војната во Украина
-
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните
-
Мерц најави германски Акциски план против руските хибридни напади
-
Одбележување на Денот на Командата за операции на Армијата
-
Без вода дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР
-
Трамп не сака да ги осиромаши американските залихи од ракетите „Томахавк“
-
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд