-->
-->
Во овие земји е забрането да се прославува Нова година - А еве и зошто!
-->

Во три земји, со мнозинско муслиманско население е забранета прослава на Нова година, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).
Властите во Брунеи, Таџикистан, кои се наоѓаат во Азија, и Сомалија која се наоѓа во Африка ја забраниле прославата.
Султанот, Хасанал Болкиах, изјавил дека прославата за Нова година во Брунеи е забранета, бидејќи поголемиот дел од населението се муслимани, додавајќи дека овој празник не е во согласност со исламската традиција. Оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети со пет години затвор.
Министерството за образование на Таџикистан, изјавил дека новогодишните прослави, украсување елки и огнометот се строго забранети.
Владата во Сомалија, излегла со соопштение дека прослава на Божиќ е забранета, бидејќи е христијански празник. Исто така навеле дека прославата на Нова година е во спротивност од муслиманската традиција.
Сепак, христијаните во Сомалија ќе имаат можност да ги прослават престојните празници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари