Во отпадните води во Солун откриено присуство на геноми на коронавирусот
Концентрацијата на геномот на вирусот SARS-CoV-2 во отпадните води во Солун е на исто ниво како и на крајот од април годинава кога Грција сè уште беше под строги рестриктивни мерки, односно под целосен карантин, покажува истражувањето на научниот тим од солунскиот Универзитет „Аристотелис“ во соработка со компанијата за водоснабдување и канализација на Солун.
-Временскиот период на присуството на вирусот во отпадните води во Солун, како што покажуваат мерењата, не е во согласност со мирната клиничка слика во болниците во градот, па така научниците проценуваат дека бројот на асимптоматски или умерено симптоматски случаи, на кои не им е потребна болничка нега, значително се зголемил, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, пренесувајќи го истражувањето и додава дека од 18 јуни биле известени надлежните власти за резултатите од мерењата.
Концентрација на геномот на коронавирусот во отпадните води во Солун бил регистриран на крајот од април, а околу три седмици во месец мај немало никакво присуство, кога повторно се појавил на почетокот на јуни.
АНА-МПА пишува дека поради сериозноста на резултатите, научниот тим ги повторил анализите, а резултатот бил ист.
– Солунскиот Универзитет „Аристотелис“, заедно со компанијата за водоснабдување и канализација на Солун, ќе продолжи систематски да го следи присуството на геномот на вирусот во отпадните води како индикатор за нивото на ширење на вирусот кај населението, со цел да постои навремено, во рок од 24 часа, научно информирање и поддршка на државата во донесувањето на критични одлуки за справување со пандемијата, вели ректорот Никос Папајоану.
Научниот тим, со мерења трипати седмично ја следи концентрацијата на геномот на коронавирусот во отпадните води на влезот на Пречистителната станица за отпадни води во Солун.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра