Во Општина Зрновци изградени три полски патни правци

За полесен пристап на населението до земјоделските површини во атарот на селата Зрновци, Мородвис и Видовиште, општина Зрновци реализираше три значајни полски патни правци, во вкупна должина од над 3 км.
Првиот изграден полски пат за полесен пристап до земјоделските површини е реализиран во атарот на село Зрновци во должина од 1,8 км за што се инвестирани средства во висина од 1 милион и 100 илјади денари, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
- Изградивме и асфалтиравме и локален полски пат во село Мородвис до местото викано „Друм“во должина од 750 метри и широчина од 3,5 мтери пропратено со канали за одводнување. За ова се инвестирани 3 милиони и 800 илјади денари средства кои општината ги доби од Бирото за развој, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Воедно, Станков информираше и за изградбата и асфалтирањето на полскиот пат од месноста викана „Зрновски гумиња“ до месноста „Раскрсница“ за што се инвестирани 1 милион и 400 илјади денари од буџетот на општината.
Општина Зрновци изработи и техничка документација за уште два полски пата. Едниот е од фудбалското игралиште во Зрновци до местото викано „Малеово“, со должина од 1.200 метри и полскиот пат во село Видовиште од местото викано „Оризни гумна“ до местото викано „Друмот“ во должина од 800 метри. Овие два пата се очекува да бидат реализирани во наредниот период.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
