Во општина Кисела Вода легализирани уште 50 дивоградби
Нови 50 решенија за легализација на дивоградби денеска беа доделени во општина Кисела Вода. Со тоа, досега се решени 5.030 предмети или 36 отсто од пристигнатите 13.853 барања за легализација.
Општина Кисела Вода информира дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат изнесува 3.933. Изготвени се уште 274 урбанистички согласности, од кои за 185 се чека уплата на надомест, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Од општината ги повикуваат сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата истекува до крајот на 2017, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање до 31 декември годинава.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци